Силен земјотрес во главниот град на Перу/Фото: Икс

ВИДЕО | Земјотрес од 6,1 степен во Перу, еден загинат и 36 повредени во Лима

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди главnниот град на Перу и неговата околина во неделата, при што загина едно лице, а 36 други беа повредени во Лима и предизвикаа лизгање на земјиштето и штети на здравствената и училишната инфраструктура, соопштија властите во земјата на Андите.

Земјотресот е регистриран околу 11:35 часот по локално време) околу 30 километри југозападно од Каљао, крајбрежен град на околу десет километри од Лима, според перуанскиот Национален сеизмолошки центар.

Полицијата објави дека 36-годишен маж го загубил животот кога ѕид паднал врз возилото во кое се возел, во населбата Индепенденсија во перуанскиот главен град.

Од своја страна, националниот центар за итни операции (COEN) пријави 36 повредени лица во Лима, од кои едно е примено во болница.

„Ги повикувам граѓаните да останат смирени“, изјави претседателката Дина Болуарте, додавајќи дека не е издадено предупредување за цунами.

Видеото емитувано од Латинска телевизија покажа лизгање на земјиштето во неколку заедници во и околу Лима. Услугите на метрото во главниот град беа накратко прекинати.

„Потресите беа најчувствителни во Лима и Каљао“, изјави за Канал Н Хернандо Тавера, претседател на перуанскиот институт за геофизика.

Перу се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ во Тихиот Океан, огромна зона на интензивна вулканска и сеизмичка активност што делумно се протега по должината на западниот брег на американскиот континент. Земјата бележи стотици забележителни земјотреси секоја година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот