Фото колаж: "Нова Варна"

ВИДЕО | Зеленски му одговори на Радев кој го одби за оружје: Не дај боже да ви дојде војна, па да нема кој да ви помогне

Бугарскиот претседател Румен Радев кој денеска го прими својот украински колега Володимир Зеленски ја осудил руската агресија во Украина.

„Сакам да ја изразам нашата солидарност со народот на Украина и со жртвите на оваа сурова војна, која сè уште беснее во моментот. Во првите месеци Бугарија им подаде рака на илјадници граѓани на Украина, а многу од нив продолжуваат да бидат под заштита на бугарската држава“, рече шефот на бугарската држава.

Зеленски пак се заблагодари за поканата, но и за поддршката што Бугарија им ја дава на илјадниците украински бегалци, објавија бугарските медиуми.

„Ова не е конфликт, туку војна, војна за уништување на Украина, да се убиваат Украинци. Ако ова е конфликт, тогаш земјата нема да ја остават милиони луѓе. Ние мора да ги поставиме точките, инаку некој друг ќе ги постави. Ние го имаме ова право бидејќи војната е на наша територија, така што знаеме дека ова е војна, а не конфликт“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зеленски даде и коментар за одлуката за Бугарија да не даде подршка на Украина во муниција.

„Господинот претседател рече дека не поддржува да ни се даде муниција за да не ослабне армијата. Вашата армија, што и да имате, нема да биде доволна да се борите ако Русија дојде овде… Ваше право е да не поддржувате помош за Украина. Не дај боже да стане трагедија и да ви дојде војната, што ќе правите тогаш ако никој не ви помогне?“, го праша Зеленски Румен Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот