Фото: Икс

ВИДЕО | Зеленски: Дивјачки руски напад со дронови погоди воз со патници, досега има најмалку 30 загинати

Најмалку 30 лица се повредени во руски напад со беспилотно летало врз железничка станица во украинскиот град Шостка во Сумската област, потврди претседателот Володимир Зеленски, објави Скај њуз .

„Дивјачки руски напад со беспилотни летала врз железничката станица во Шостка, Сумска област. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се проверуваат“, додаде тој.

Украинскиот претседател информираше дека според досегашните извештаи, досега има најмалку 30 жртви.

„Досега знаеме за најмалку 30 жртви. Прелиминарните извештаи покажуваат дека и персоналот и патниците биле на местото на нападот. Русите не можеле да не знаат дека целта им биле цивили. Ова е тероризам што светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.


Регионалниот гувернер, Олег Григоров, изјави дека воз што се движел кон Киев бил погоден и дека медицински лица и спасувачи се на местото на настанот. И Зеленски и гувернерот објавија фотографии од местото на настанот на кои се гледа како патничкиот вагон е во пламен.

Шефицата на локалната окружна администрација, Оксана Тарасјук, изјави за украинската јавна телевизија дека во нападот се повредени околу 30 лица.

Москва ја засили својата кампања на воздушни напади врз железничката инфраструктура на Украина во последните месеци, таргетирајќи ја речиси секојдневно. Главниот помошник на Зеленски, Андриј Јермак, ја обвини Русија за намерно гаѓање на станицата и возот, велејќи дека води „војна против цивили“.

Овој инцидент се случи само еден ден по нападот што официјалните лица го опишаа како најголем удар врз украинските постројки за природен гас од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот