
ВИДЕО | Зејн Малик ги откри причините за разделбата на „Уан дајрекшн“: Ни се смачи еден од друг
Зејн Малик ги откри причините за неговото заминување од „Уан дајрекшн“ во своето прво интервју по шест години. Ѕвездата го напушти бендот на средината на нивната светска турнеја во 2015 година, првично велејќи дека прави пауза поради „стрес“.
Препорачано
Но, зборувајќи за поткастот „Кол хр деди“ (Call Her Daddy), Зејн рече дека сфатил дека деновите на бендот се избројани кога другите членови одбиле да потпишат нови договори, пренесе „Би-би-си“.
„Знаев дека нешто се случува, па само отидов чекор напред“, рече тој. „Бев како, само ќе си одам одовде, мислам дека ова е готово“.
Тој продолжи: „Видов што ќе се случи и целосно себично сакав да бидам првиот човек што ќе си отиде од бендот и ќе сними свој албум“.
„Јас сум пасивен дечко, но кога станува збор за мојата музика и мојот бизнис, јас сум сериозен за тоа и сум конкурентен, па сакав да бидам првиот што си оди и ќе си правам мојата музика. Тоа беше причината“, изјави Зејн.
Тој додаде дека имало тензии меѓу момците, откако бендот издржал пет години интензивна слава по нивното деби на натпреварот за таленти „Икс фактор“.
„Имаше очигледни и основни проблеми во нашите пријателства“, изјави Зејн.
Сепак, објасни дека времето му дало повеќе перспектива во деновите на неговиот бенд.
„Бевме блиски“, рече тој за групата. „Направивме луди работи еден со друг што никој друг на светот никогаш нема да ги разбере и сега се навраќам на тоа во многу поубаво светло отколку што кога штотуку си заминав. Имавме одлични искуства, јас имав одлични моменти со нив, но ние само го истрчавме нашиот круг“.
Зејн зборуваше отворено за неговиот живот, пред објавувањето на повратниот сингл „Love Like This“, кој треба да излезе на 21 јули.