Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

ВИДЕО: Заврши серијата на Рома од 19 натпревари без пораз, Аталанта ја обезбеди Лигата на шампионите!

Фудбалерите на Аталанта ја совладаа Рома со 2-1 во дербито на последниот натпревар од 36. коло во италијанската Серија А, со што две кола пред крајот на сезоната го потврдија своето учество во Лигата на шампионите.

Тимот од Бергамо уште еднаш покажа зрелост и ефикасност, додека избраниците на Клаудио Раниери го претрпеа својот прв пораз во првенството уште од 15 декември, ставајќи крај на импресивна низа од 19 мечеви без пораз во Серија А.

Во текот на тие пет месеци, Рома имаше неколку неуспеси во Купот и Лига Европа, но не и на домашната сцена. Сега, по овој пораз, пласманот во најелитното европско натпреварување е под знак прашалник. „Волчицата“ е моментно шеста на табелата, со бод помалку од Јувентус и Лацио, и бод повеќе од Болоња, во жестока борба за местата што водат во Лигата на шампионите.

Натпреварот започна динамично, Адемола Лукман донесе водство за Аталанта уште во 9. минута, но Брајан Кристанте ја врати надежта на Рома со погодок во 32. минута. Српскиот интернационалец Лазар Самарџиќ влезе во игра во 68. минута, а само осум минути подоцна запиша асистенција за Ибрахима Сулеман, кој од клупата го реши натпреварот во корист на домаќините.

Во наредното коло Рома ја пречекува екипата на Милан, додека Аталанта ќе патува во Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот