Фото: ХРТ / скриншот

ВИДЕО: Заринка уште еден хрватски брод, патниците ги вадеа со дрвени скали

Катамаранот на компанијата „Јадролинија“, „Силба“, попладнево се заринка при пристигнувањето во пристаништето во местото Божава на островот Дуги Оток, јавија локалните медиуми.

„Имаме информации дека катамаранот удрил на брегот во Божава во попладневните часови и тоа е се што можеме да ви кажеме засега“, изјави портпаролката на задарската полиција Ивана Грбин по објавата дека бродот, чии контроли очигледно откажале, се судрил носејќи патници додека се закотвувале во Божава до брегот.

Инцидентот се случил денеска околу 15:40 часот на редовната линија Задар – Брбињ, објавија медиумите.

„Катамаранот немаше помошна рампа, иако законски е обврзан да има, па преку вратата ги симнаа патниците на дрвени скали што им ги дадоа мештаните“, вели еден од сведоците.

Пред една недела, катамаран на истата компанија, „Јадролинија“, заринка на карпи во близина на хрватскиот остров Премуда.

ВИДЕО: Брод полн со деца заринка на хрватски остров, патниците од „Принцот на Задар“ ги спасуваа рибари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот