Роденден Една, ќерка на Атанас Атанасовски - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Забава како од бајките: Ќерката на актерот Атанас го прослави роденденот во прекрасно декориран двор со голем бел замок

Популарниот македонски актер Атанас Атанасовски и неговата сопруга Александра приредија вистинска роденденска бајка за четвртиот роденден на нивната ќерка Една. Семејството, кое покрај Една го има и синот Павле, собра бројни пријатели и најблиски за да го одбележат овој посебен ден.

Животот да ти биде исполнет со многу бои, радост и незаборавни моменти – напиша нејзината мајка Бела.

Роденденската забава беше организирана со многу вкус и внимание кон секој детал. Големиот бел замок за играње беше центарот на вниманието и вистинска радост за најмладите гости, а белите шатори создадоа волшебна атмосфера полна со боја и ведрина. За најкреативните дечиња беа подготвени и масички и столчиња за цртање, каде што можеше да се почувствува детската имагинација во целата своја убавина.

Фото: Инстаграм

Декорацијата беше префинета и модерна, со комбинација на нежни тонови, балони и украсни детали кои ја претворија прославата во вистинска роденденска бака. Радоста и смеата на децата ја исполнија атмосферата, а насмевките на Атанас и Александра говореа повеќе од илјада зборови за гордоста и љубовта кон нивните мали наследници.

Фото: Инстаграм

Роденденот на малата Една не беше само обична детска забава, туку празник на семејството, љубовта и детството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!