ВИДЕО | За скандалот со Кардиохирургија СДСМ бара оставка од Таравари и од Дејан Димитровски

СДСМ бара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари по скандалот на Кардиохирургија.

Ова е хумана катастрофа. Додека Таравари мисли само на локални избори и изборни коалиции здравството е во тотален распад. Скандалот на Кардиохирургија каде што пациент почина со пукната аората, е реалната и стравотна слика за состојбата во здравството денес-колабиран систем, кој наместо да лекува, уништува животи. Пациент почина затоа што државната клиника не можела да му ја изведе потребната итна интервенција – поради нефункционалност на здравствениот систем. И Државниот здравствен и санитарен инспекторат потврди: ангиографската сала на Кардиохирургија не работела еден месец, а немало ниту стент-графтови. Како може државна болница, од стратешки интерес, да нема основни услови за спас на човечки живот?, праша Белкиса Зекири – членка на Извршен одбор на СДСМ.

 

Според неа има многу отворени прашања за кои нема конкретен од одговор од најповикуваниот-министерот за здравство Таравари.

Толку му е важна состојбата во здравството, што допрва ќе го гледал извештајот на инспекторатот. Граѓаните плаќаат здравствено осигурување за да добијат лекување, а не за да гледаат како нивниот живот виси на конец поради нечија неспособност и негрижа. Ова не е здравствен систем – ова е здравствена и хумана катастрофа! Во последниве 10 месеци, оваа Влада и министерот Таравари го донесоа здравството до колапс. Нема лекови нема терапии за онколошките пациенти. Деца умираат на Клиниката за детски болести. Нема клиника без хаос. Нема пациент без страдање. Министре Таравари, знаете ли што ви се случува? Или сте премногу зафатен со политички пазари и изборни математики? Задоцнетите извештаи нема да вратат животи. За оваа хуманитарна катастрофа мора да има одговорност. СДСМ бара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари и од директорот на државната Клиника за Кардиохиргија, Дејан Димитровски. Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој ќе функционира, кој го штити здравјето, кој спасува животи, а не систем кој убива, беше додадено на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот