
ВИДЕО | „За Путин ако треба и ќе умрам“: Стивен Сигал посетува украински заробеници во документарен филм
Специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни односи – американскиот актер Стивен Сигал, изјави дека е подготвен да се бори на страната на Русија во Украина и дека доколку е потребно, ќе умре за својот претседател Владимир Путин.
Препорачано
„Денот по почетокот на специјалната воена операција во Украина, напишав писмо и се уверив дека најверојатно ќе стигне до претседателот Путин. А во писмото му напишав дека сега ќе видиме кои се нашите вистински сонародници и пријатели, а кои се нашите непријатели. Јас ќе бидам на страната на мојот претседател и ќе се борам на страната на мојот претседател“, вели Сигал во својот документарен филм „Во име на правдата“, кој беше објавен на платформата „Smotrim.ru“.
Во инсерти од филмот објавени на социјалните мрежи, Сигал посетува украински затвореници во Донецк, за кои руските државни медиуми тврдат дека се „неонацисти од бригадата Азов“, кои веднаш го препознаваат, а потоа му кажуваат дека биле третирани добро во заробеништвото.
When Steven Seagal thinks he’s checking on J-6ers but it’s only Azov bros. pic.twitter.com/VuvNDT0zIt
— Omnia Vincit (@omniavincit_76) October 10, 2024
Сигал изразува верба во победата на Русија во Украина и додава дека верува оти „главната сила на Руската Федерација е во вистината“.
„Себеси се сметам за Русин, моите предци биле од Русија… Верувам дека Господ е на наша страна. Затоа ќе победиме. Се разбира, ги имаме најдобрите војници, оружје и воени лидери, но на крајот на краиштата, нашата главна сила е што сме на вистинската страна“, вели Сигал.
Тој оцени дека ставовите на рускиот претседател во врска со проширувањето на НАТО се „апсолутно точни“, истакнувајќи дека Западот долго време развива такви планови и создава предуслови за испраќање свои специјални сили во Украина и обука на националисти.