Фото: Промо

ВИДЕО | „За драгите луѓе кои не се меѓу нас“: Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со емотивен музички проект – „Патишта“

„Патишта“ е најновиот музички проект на јутјуберот Стефан Лазаров и пејачката Тамара Тодевска. Музиката за песната ја создадоа Лазаров, Васил Ангелов и Марко Маринковиќ – Слаткар, кој е и автор на текстот.

Оваа песна носи емотивна музичка приказна, посветена на сите блиски кои ни заминале прерано и повеќе не се меѓу нас. „Патишта“ ќе ве потсети на заедничките моменти и спомени со овие луѓе, но истовремено ќе ви даде мотив да направите нешто во нивна чест.

За песната беше снимен и видеозапис во режија на Владислав Гавриловски, а сцените се снимени на различни локации во Скопје и околината. Во спотот се вклучени илустрации на новинарот Зоран Василевски – Фаци и пејачот Влатко Илиевски, кои беа блиски пријатели и соработници на Лазаров и Тодевска. Овие илустрации, изработени од Стефан Николовски, се дел од визуелниот концепт на видеото.

„’Патишта’ е за сите наши драги луѓе кои повеќе не се со нас, но секојдневно се во нашите мисли и срца. Во текот на снимањето на спотот навистина почувствував длабока емоција, ми се појавија многу слики од моето другарување со Влатче низ годините, многу моменти и спомени кои остануваат вечно. Добро е што преку уметноста, преку музиката можеме да се потсетиме на овие луѓе, да оддадеме почит, а притоа да направиме нешто вредно и трајно – музичко дело кое останува и за новите генерации. Слушнете ја „Патишта“ и потсетете се на луѓето кои Ви недостасуваат“, посочува Тодевска.

Лазаров ја изрази својата благодарност за можноста да работи со Тодевска на овој проект.

„Среќен сум што Тамара се согласи на овој дует, имајќи предвид дека е еден од најдобрите артисти во Македонија и навистина сум горд и задоволен со финалниот продукт. Ова беше едно целосно ново искуство за мене, но навистина уживав во целиот процес на создавањето на ‘Патишта’. Првичните коментари се навистина позитивни и во името на целиот тим кој работеше на овој проект, сакам да ја истакнам благодарноста“, истакнува Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот