Александар Вучиќ / Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Вучиќ пред камери му се јави на министер, разговорот многу личи на одглумен

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера беше во посета на жителите на регионите кои деновиве се погодени од големи шумски пожари, а од неговата посета највпечатлив беше „телефонскиот разговор“ пред камерите на Вучиќ со министерот за земјоделие Драган Гламочиќ.

Веднаш откако беше објавена снимката, корисниците на социјалните мрежи во Србија забележаа дека таа е чудна и многу наликува како српскиот претседател да го одглуми разговорот, односно како тој да зборуваше сам со себе, во обид да се прикаже како проактивен и ефикасен во решавањето на проблемите на граѓаните.

„Ало, Гламочиќ… па, се прекинува врската затоа што не сум во центарот на Белград, туку некаде на друго место, Гламочиќу… Ајде сега, земи и гледај како на луѓето кои се погодени од пожарите, каде им изгоре стоката, да им се помогне…“, вели Вучиќ во „разговорот“ со пропагандна форма и сомнителна кредибилност.

Вучиќ и претходно знаел да им се јавува на владини министри и функционери пред камерите, но во претходните случаи тој го пушташе разговорот на звучникот на телефонот, па автентичноста не беше спорна. Последнава снимка наиде на лавина од главно негативни, но и потсмешливи коментари на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот