Немири во Северна Ирска/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Втора ноќ немири во Северна Ирска по сексуален напад врз тинејџерка

Лути демонстранти фрлаа молотови коктели и други предмети врз полицијата во Балимена, каде што немирите беснеат втора ноќ по ред по сексуалниот напад врз тинејџерка во градот во Северна Ирска.

Полицијата вели дека се справува со состојбата со јавниот ред и мир во дел од градот, на околу 45 километри од Белфаст, и ги повикува луѓето да ја избегнуваат областа.

Безбедносните сили употребиле водни топови за да ги одвратат демонстрантите, според видеото објавено од новинар на „Белфаст Телеграф“.

Протести беа одржани и во Белфаст, каде што демонстрантите блокираа патишта, според сведоци цитирани од новинската агенција Ројтерс.

Најмалку 15 полицајци беа повредени, од кои некои бараа болничко лекување по нападот во понеделникот. Протестниот марш започна мирно, но по поставувањето барикади и предизвикувањето нарушувања, следеа неколкучасовни судири со безбедносните сили.

Четири куќи беа зафатени од пламен. Вратите и прозорците на куќите и продавниците беа исто така оштетени, а полицијата соопшти дека истражува напади што биле расно мотивирани.

Во понеделникот, судот во градот Колерејн обвини две 14-годишни момчиња за обид за силување. Постапката беше спроведена со помош на романски преведувач, како што објавија Би-би-си и „Ајриш тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот