
ВИДЕО: Воз прегази две сестри во Србија, загинале на самото место
Две млади жени, родени сестри, загинаа вечерва на пругата кај српското гратче Лапово, во Шумадија, кога на нив удрил воз кој сообраќал на линијата Земун-Ниш.
Препорачано
Трагедијата се случила во 17 часот и 40 минути, на необезбеден железнички премин.
Според српските медиуми, жртвите на несреќата, К.Ж (32) и нејзината сестра Н.Ж. (31) од Лапово биле во Здружението за помош на лица со попреченост „Зора“ во гратчето, за да се дружат со останатите членови.
Како што неофицијално објавуваат медиумите, на враќањето, на едната од сестрите ѝ паднале пари на пругата, па двете застанале да ги бараат. Тогаш на нив, без да го слушнат и да го видат, налетал возот.
Според жителите на Лапово, тој железнички премин е „црна точка“ и на него во последните 50-тина години, животот го загубиле повеќе од 20 луѓе.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5