Ники Глејзер - Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Водителката на Златните глобуси ја напаѓаат за шегите на сметка на Пи Диди: „Годинава забавата ќе остане без масло за бебиња“

Водителката на Златните глобуси, Ники Глејзер се најде на удар на критики откако се пошегува на сметка на Пи Диди, за време на доделувањето на наградите.

Меѓу сите закачки, публиката остана вчудоневидена кога ѕвездата го спомна раперот, кој моментално е затворен во Њујорк под обвинение за сексуална експлоатација, рекетирање и злосторства поврзани со проституција.

„Откако беше уапсен Пи Диди, афтер-журката нема да биде толку добра оваа година. Нема масло за бебиња, само маслиново масло“, рече Ники, мислејќи на запленувањето на 1.000 шишиња бебешко масло од домот на Диди во септември, што властите тврдеа дека се залихи за наводните откачени забави на раперот. На овие забави, Диди наводно „користел сила, закани со сила и принуда за да ги принуди жртвите на долготрајни сексуални односи“.

Но, тоа не е единствениот пат кога таа го спомна Диди во својот говор. Кога ѝ се обрати на ѕвездата на Челинџерс, Зендаја, таа рече: „Челинџерс девојко, о Боже, беше толку добро. Мислам, филмот беше повеќе сексуално набиен од кредитната картичка на Диди“.

“Мислам, сериозно? О, не, не, знам, извинете. И јас сум вознемирена. Афтер забавата нема да биде толку добра оваа година, но мораме да продолжиме понатаму. Знам дека ‘Stanley Tucci Freak Off’ едноставно не звучи исто“, додаде комичарката.

Во својот говор таа спомена дека за пет години од сега, кога луѓето ќе го гледаат овогодинешното доделување на наградите, ќе кажат „ова беше пред да го фатат“.

На социјалните мрежи има многу коментари за нејзините шеги.

„Ниту едно шоу за награди не може да помине без водителот невкусно да се пошегува“, „Шегите за Диди никогаш не биле смешни“, „Таа не ја спомна ситуацијата со Блејк Лајвли и Џастин Балдони, но немаше проблем да ја спореди глумата на Зендаја во секс сцените со онаа на Диди каде има силување на мажи, жени, па дури и деца“, „Сега конечно можам да кажам дека Ники никогаш не била смешна и всушност е иритирачка“, се дел од коментарите на гледачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот