Големи поплави во централна Кина/ Фото: EPA-EFE/FEATURECHINA CHINA OUT

ВИДЕО | Водената стихија во Пекинг однесе најмалку 30 животи

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 80.000 се евакуирани од нивните домови поради поројните дождови што го погодија кинескиот главен град, објави официјалната новинска агенција Синхуа.

„Најновата серија обилни дождови одзеде 30 животи до полноќ во понеделник“, соопшти агенцијата, повикувајќи се на градскиот центар за контрола на поплави.

Во моментов, „вкупно 80.322 граѓани се раселени“ поради поплавите, објави локалниот весник „Пекинг дејли“ преку WeChat.

Официјалниот медиум извести за „продолжени екстремно обилни дождови“ што предизвикаа „сериозни катастрофи“, прецизирајќи дека најголем број жртви се регистрирани во округот Мијун, во североисточниот дел на општина Пекинг.

Тој, исто така, зборуваше за околу десет патишта што беа блокирани и над 130 села што се без електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот