Противпожарна служба на Токио/Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

ВИДЕО | Во Токио трка со времето за спасување на возач кој со камионот пропадна во дупка на улица

Јапонските спасувачки екипи денеска ја продолжуваат акцијата за да го извлечат возачот на камионот кој пред 24 часа остана заробен кога на површината на патот во предградие на Токио се создаде огромна дупка.

Несреќата се случила вчера наутро во Јашио, предградие во северниот дел на Токио, кога се отворила огромна дупка длабока шест метри, проголтувајќи го камионот заедно со неговиот возач.

„Спасувачките операции продолжуваат 24 часа“, но „не можеме да контактираме со возачот“, изјави утринава за АФП портпаролот на противпожарната служба.

Вчера, на неколку метри од првата, среде крстосница, се создала втора дупка, додека спасувачките екипи ја извлекувале првата приколка на камионот, која била одвоена од кабината на возачот под земја.

Претставникот на противпожарната единица истакна дека жителите на приградската населба во радиус од двесте метри биле брзо евакуирани.

Возачот можел да комуницира со екипите за итни случаи до вчера попладне, но потоа се загубил контактот со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот