Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

ВИДЕО: Во стилот на Златан, магијата на Нотс каунти вредна за „Пушкаш“!?

Во петтиот ранг на англискиот фудбал постигнат е спектакуларен погодок за кој зборува светот овој викенд.

Реализиран на натпреварот од ФА трофеј купот помеѓу Нотс каунти и Оксфорд, а стрелец беше напаѓачот на домашната екипа, Илај Сем.

Имаше центаршут од левата страна, Сем ја следеше ситуацијата и одлучи со пета зад неговата глава да ја зафати топката.

Го направи тоа во стилот на големите мајстори, како Златан Ибрахимовиќ, и веќе многумина го номинираат за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на годината.

Да додадеме уште дека Нотс Каунти на крајот славеше со конечен резултат 3:1 (0:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!