Собир во Загреб за поддршка на српските студенти / фото: „Икс“

ВИДЕО: Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти

Собири за поддршка на српските студенти кои протестираат, денеска се одржаа во Сплит, во Осиек, како и во хрватскиот главен град Загреб, јавува „Нова.рс“.

Собир во Сплит за поддршка на српските студенти / Фото: Нова.рс

Во Сплит се собраа неколку стотици граѓани на градскиот кеј, а меѓу транспарентите со пораки до Нови Сад имаше и натпис „Имаме ист повикувачки број (021)“. Учесниците молчеа 15 минути во знак на сеќавање на 15-те жртви во трагедијата во Нови Сад и уривањето на настрешницата на железничката станица.

Во повикот за собирот, пишува: „Студентите кои неуморно протестираат и ги блокираат факултетите се истрајни во својата борба за уредено и праведно општество“.

Собир во Сплит за поддршка на српските студенти / Фото: Нова.рс

Во Загреб, пак, собирот броеше уште повеќе учесници, а го организираа студенти, кои носеа транспаренти на латиница и на кирилица.

„Денеска се собравме овде во навистина голем број за да изразиме порака за поддршка и солидарност до нашите колеги во Србија. „Она што студентите сакаат да им го кажат на своите колеги е дека солидарноста не познава граници, дека сите сме во ова заедно и дека не треба да се откажат од своите барања“, рече студентот Домагој Фук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот