Фото: Delcevo365.mk

ВИДЕО: Во славното Разловци, на семејство му изгоре куќа зашто селото нема вода

Пожар кој избувнал ноќеска околу 2:30 часот во делчевското село Разловци, пеплоса куќа и помошни објекти, во сопственост на семејството на Николчо Гоцевски. Во пожарот нема повредени, но причинета е голема материјална штета. Делчевските пожарникари цела ноќ се бореле со огнот. Тие првично интервенирале со тројца пожарникари и едно возило, по што повикале дополнително од лице место била побарана помош за дополнителна интервенција со уште три возила и седум пожарникари.

Во пожарот изгорело сè што имало семејството Гоцевски.

Многумина од селото, познато како местото од каде избило Разловечкото востание пред безмалку 150 години, денеска му помагаа на семејството во расчистување на местото. Жителите велат дека веќе неколку месеци немаат вода и поради тоа не биле во можност да спасат поголем дел од покуќнината на погоденото семејство.

Според нив, брзата интервенција на пожарникарите ги спасила од поголема катастрофа, бидејќи Разловци е село од збиен тип, па лесно можеле да бидат зафатени соседните куќи.

Засега не е позната причината за пожарот, која допрва ќе се утврдува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот