Белците бегалци од Јужна Африка пристигнуваат во САД/Фото: Скриншот

ВИДЕО: Во САД пристигнуваат белците – бегалци од Јужна Африка поради расна дискриминација

Првите 49 Африканци, белци од Јужна Африка кои се сметаат за жртви на расна дискриминација и на кои американскиот претседател Доналд Трамп им понуди статус на азиланти, денес се на лет за Соединетите Американски Држави.

Се очекуваше чартер летот, со кој патуваа 49-те патници од Јоханесбург, да пристигне на аеродромот Вашингтон Далес рано утрово по локално време, каде што американската влада планира да ги пречека со топла церемонија.

Администрацијата на Трамп го блокираше приемот на црните бегалци од остатокот од светот, но им дава приоритет на Африканците, потомците на холандските доселеници.

Доделувањето статус на бегалец на белите Јужноафриканци беше дочекано со загриженост, но и со потсмев, од страна на јужноафриканските власти, кои велат дека администрацијата на Трамп се меша во внатрешно политичко прашање што не го разбира.

Африканците кои се пречекани како бегалци од страна на Соединетите Американски Држави „не можат да обезбедат никакви докази дека се прогонувани“, нагласи денес јужноафриканскиот министер за надворешни работи Роналд Рамола за време на прес-конференцијата во Преторија.

„Владата категорично изјавува дека ова не се бегалци“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јужна Африка, Криспин Фири, за локалната мрежа „Њузрум Африка“. „Но, ние нема да ги запреме“, додаде тој.

Откако Нелсон Мандела ја донесе демократијата во Јужна Африка во 1994 година, некогаш владејачкото бело малцинство го задржа поголемиот дел од богатството што го акумулираше за време на колонијализмот и апартхејдот.

Белците сè уште поседуваат три четвртини од земјиштето во приватна сопственост и имаат околу дваесет пати поголемо богатство од црното мнозинство, според меѓународното академско списание „Преглед на политичката економија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот