Фото: Скриншот

ВИДЕО| Во Раотинце се повеќе ниви и домови поплавени

Водостојот на Вардар во село Раотинце, Општина Јегуновце е речиси на исто ниво во споредба со синоќешната квота, велат од месната заедница на ова село. Но, проблем е што утринава се забележани се повеќе поплавени ниви и домови.

„Како што гледаме водостојот е речиси ист, можеби за неколку сантиметри намален, но тоа не ја менува многу состојбата. Голем проблем е што се повеќе ниви и домови сега се под вода оти излеаната вода од реката Вардар мора некаде да заврши, а нашите домови и ниви се покрај реката и утринава веќе евидентиравме дека има повеќе поплавени објекти и земјоделска површина. Добро е што дождот престана да врне, но стравот се уште постои“, вели Васко Јанчевски од месната заедница од Раотинце.

И од Центарот за управување со кризи информира за моменталната состојба во село Раотинце.

„Според информациите, нивото на реката Вардар е се уште високо, односно состојбата не е променета.

По секои поројни дождови, Вардар со години и децении се излева и поплавува домови и ниви во неколку села во општината Јегуновце. Најкритично е во соседните Раотинце и Копанце. За решавање на проблемот, потребна е регулација на коритото на реката, за што е изготвен проект, но досега нема никаква реализација на терен, и покрај многубројните ветувања на властите.

ВИДЕО: Се излеа Вардар кај тетовското село Раотинце, поплавени се куќи и ниви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот