Лимузина од возниот парк на Путин Фото: Принскрин

ВИДЕО Во центарот на Москва експлодира лимузина на Путин

Луксузната лимузина Аурус за која се верува дека е дел од службениот возен парк на рускиот претседател Владимир Путин експлодира во Москва. На снимката се гледа возило Аурус Сенат, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на руската тајна служба ФСБ на Лубјанка.

Се верува дека автомобилот припаѓа на возниот парк на Претседателската канцеларија за управување со имот, која е задолжена за имотот на Кремљ. На снимката се гледа како пожарот од моторот се проширил во внатрешноста на возилото. Не е познато кој бил во автомобилот во моментот на експлозијата. Причината за пожарот се уште не е позната, а според достапните информации во инцидентот нема повредени или загинати.

Претседателот Путин (72) редовно користи руски лимузини Аурус, а една од нив неодамна му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Овој инцидент веројатно дополнително ќе ја засили и онака силната параноја во Кремљ дека странски агенти подготвуваат атентат врз рускиот лидер.

На почетокот на годината, Кремљ издаде предупредување дека секој обид за атентат врз Путин може да предизвика нуклеарен одговор. Во јануари, претседателот на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, издаде сериозно предупредување до потенцијалните атентатори.

-Планирањето на убиството на претседателот Путин – па дури и само дискусијата за можноста – е кривично дело, сериозна закана за глобалната безбедност и директен пат кон нуклеарна војна. Сите меѓународни институции треба да го сметаат ова како основа за покренување истрага – рече тој.

Во изминатите неколку месеци беа убиени и голем број високи руски воени функционери, што дополнително ги подгреа стравувањата во Кремљ. Така, во декември, генерал-полковник Игор Кирилов беше убиен во Москва, заедно со неговиот помошник, кога експлодираше бомба поставена на неговиот скутер. Кирилов ги предводеше руските сили за заштита од радијација, хемиско и биолошко оружје и е обвинет за одобрување и надзор на употребата на хемиско оружје на боиштата во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот