Ѓорѓија Сајкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО | ВМРО-ДПМНЕ почнува кампања со собирање предлози од граѓаните:„Вистинската идеја за вашата општина“

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува 7 дневна теренска кампања за собирање идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од владејачката партија. Кампањата ќе трае од 27 август до 3 септември, а целта е да се добие јасна слика за потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, соопшти генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

Тој објасни дека партијата ги пишува програмите за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, а за таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.

„Од среда, 27 август, до среда 3 септември, ќе ја спроведуваме акцијата – Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!

Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови дел од акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина! каде граѓаните на посебен формулар за оваа акција ќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата каде членовите на партијата и граѓаните исто така ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат, на адресата: [email protected]. Каде ќе бидат разгледани исто како и предлозите и идеите од штандовите и штабовите од тимот експерти кои ќе ги пишуваат програмите“ рече Сајкоски.

Тој истакна дека очекуваат масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив и нивните потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот