Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

ВИДЕО | Вистински шампион: Ѓоковиќ го освои турнирот во Торино и се изедначи со Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои завршниот мастерс во Торино откако денес во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 2:0 во сетови, 7:5, 6:3.

По шести пат во кариерата Ѓоковиќ го подигна трофејот на турнирот на најдобрите осум тенисери кој означува и крај на сезоната. На вечната листа по бројот на освоени трофеи Ѓоковиќ се изедначи со неодамна пензионираниот Роџер Федер.

Претходно завршниот мастерс Ѓоковиќ го освојуваше во 2008, 2012, 2013, 2014 и 2015 година во три различни градови. Пред Торино славеше еднаш во Шангај и четири пати во Лондон.

Кога се ќе се собере сезоната за Ѓоковиќ е одлична, а веројатно можеше да биде и подобра ако му беше дозволено да игра на Австралија Опен и УС Опен. Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а на Ролан Гарос стигна до четвртфиналето. Славеше и на мастерсот од серијата 1000 во Рим.

Одлична сезона зад себе има Руд, но има и три изгубени големи финалиња. На Ролан Гарос изгуби од Надал, на УС Опен од Алкараз и сега во Торино од Ѓоковиќ. Вечерва Норвежанецот немаше шанси против одлично расположениот Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот