Фото: Фејсбук/Дамир Пух

ВИДЕО | Вистинска гордост: Македонскиот гитарист Дамир Пух победи на меѓународен натпревар за музичка продукција

Македонскиот гитарски виртуоз и продуцент Дамир Пух ја сподели радосната вест дека го освоил првото место на престижен меѓународен натпревар за музичка продукција, организиран од легендарниот американски продуцент Ерик Валентајн – човекот зад албумите на „Квинс оф д стоун ејџ“, „Марун фајв“, „Гуд Шарлот“, „Трд ај блајнд“, „Смеш маут“ и многу други.

Во конкуренција од над 230 учесници од целиот свет, меѓу кои имало реномирани професионалци, добитници на Греми и номинирани инженери и продуценти, токму миксот на Пух бил избран како победнички.

„Ова признание е уште повредно и посилна потврда за мојата работа. Јасен показател дека мојот труд и визија се препознаени на највисоко ниво и само почеток на уште поголеми успеси што следуваат“, напиша Пух на својот фејсбук-профил, каде што објави и видео во кое Валентајн ги соопштува резултатите, како и негово обраќање во врска со целиот процес.

Да потсетиме, Дамир Пух е музички продуцент, автор на песни, гитарист и микс инженер. Тој работи со музички групи и уметници од поп и рок-жанрот, а зад себе има неколку национални радиски хитови. Како соло артист и соработник, секогаш ја спојува уметноста со техничката вештина.

Во неговото портфолио се издвојуваат соработки со Дерек Шеринијан, настапи како поддршка на „Дип Перпл“, како и работа на различни музички и комерцијални проекти за светски брендови.

Тој е основач и сопственик на „Грин рум саунд студио“, каде што помага на уметници да го оформат својот звук, а паралелно ја гради и својата солистичка кариера.

Неговата сопруга Наташа Миха е, исто така, музичарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!