фото: EPA/KARA THOMAS

ВИДЕО | Велс триумфираше над Казахстан и сега е лидер во нашата група

Денеска продолжија натпреварите од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година, во групата Ј во која настапува и Македонија, фудбалерите на Велс на гости во Астана со 1:0 славеа над Казахстан.

Единствениот гол за победа на Велшаните го реализираше Мур во 24 минута од средбата.

Тоа е трет триумф за избраниците на селекторот Крег Белами во квалификацискиот циклус и сега се првопласирани со 10 бодови, два повеќе од Македонија на втората позиција.

Нашата селекција очекуваме повторно да се врати на врвот со триумф в недела во Скопје против Лихтенштајн.

Велс својот следен дуел во квалификациите ќе го има на 13 октомври дома против Белгија, додека Казахстан за три дена ќе играат на гости против Белгијците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!