ВИДЕО | Веаповска од Патологија ги подигна парафинските калапи од своите органи: Се чувствувам како половина човек

Родилката Јалдз Bеапоска од Дебар чии три органи по операцијата со царски рез во струшката болница беа извадени, денеска на Институтот за патологија во Скопје успеа да ги подигне своите парафински калапи коишто ќе ги вештачи повторно за да докаже дека се извадени  здрави.

ДОКУМЕНТИ | Родилката ќе се бори до крај: Ми извадија здрави и прави органи, го имам наодот од Патологија!

Таа за „Слободен печат“ изјави дека по операцијата што се случила во Струга се чувствува како половина човек, не е во состојба да работи и добива панични напади при самото стапнување в болница и покрај тоа што и самата е медицинска сестра.

За одлуката на Лекарската комора дека немало грешка при постапувањето на медицинскиот тим од болницата што ја извел операцијата вели дека крајниот збор ќе го има јавното обвинителство.

Од нив очекува органите да ги испратат на судска медицина и да се види во каква состојба биле кога и биле отстранети при операцијата.

Прво во приватна болница па потоа во странство ќе ги даде резултатите на вештачење. За разлика од Лекарската комора која тврди дека бубрегот го отстранил уролог таа вели дека во нејзиното отпусно писмо стои дека го извадил xирург.

Инаку, извадените органи не можат да се земат бидејќи за тоа мора налог од Јавен обвинител и таа постапка на приватно, по барање на Веаповска би чинела околу 2.000 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот