фото: Слободен печат/Методи Здравев

ВИДЕО | Вардар триумфираше во првиот меч против Лозана во Конференциската лига

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје фудбалерите на Вардар беа подобри со 2:1 против Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Непосредно пред крајот на првото полувреме поведоа скопските „црвено-црни“ со погодокот на Мато (45+3`).

Гостите успеаја да израмнат преку Диаките во 58 минута, а конечниот епилог го постави Омерагиќ во 77 минута.

Вардар имаше уште неколку одлични шанси преку Мето да дојде до реализација, но голманот на швајцарската екипа Летица успешно ги одбрани ударите.

Возвратниот дуел меѓу Лозана и Вардар ќе се игра на 31 јули со почеток од 20.15 часот во Швајцарија.

Победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на КЛ ќе игра против подобриот од дуелите меѓу Астана и Зимбру каде по првите 90 минути моментно резултатот е 1:1.

Конференциска лига
Прв натпревар, 2 квалификациско коло

Вардар – Лозана 2:1

Вардар: Талески, Јанкулов, Матиќ, Сенгхор, Маневски, Босанчи, Донгмо, Кастанеда (Данев 59`), Мато, Омерагиќ (Спахиу 89`), Тодоровски (Плаосебикан 81`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот