ВИДЕО | Ужас во Канада: Автомобил удри во толпа луѓе на фестивал, има загинати и повредени

Неколкумина загинати и повредени откако во толпа луѓе удри автомобил за време на уличен фестивал во канадскиот град Ванкувер.

Инцидентот се случил околу 20 часот по локално време, а во него има голем број настрадани пренесуваат тамошните медиуми.

Полицијата соопшти дека возачот е уапсен.

Локалните медиуми објавија дека теренско возило удрило во пешаци за време на годишниот фестивал Лапу Лапу, кој ја слави филипинската култура. Фестивалот му оддава почит на водачот на антиколонијалната борба на Филипините во 16 век.

Непотврдени снимки на социјалните мрежи покажуваат бројни полициски автомобили, амбулантни возила и противпожарни возила на местото на настанот, а повредени лица лежат на земја.

Градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим, изјави на социјалната мрежа X дека е „шокиран и длабоко тажен од ужасниот инцидент“.

„Нашите мисли се со сите погодени и со филипинската заедница во Ванкувер во ова неверојатно тешко време“, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот