Поплави на Ибица / Фото: Твитер, принтскрин

ВИДЕО | Ураганот „Габриел“ го пустоши шпанското крајбрежје

Ураганот „Габриел“, кој од минатата недела беснее над Атлантикот, продолжува да предизвикува хаос на шпанските острови Ибица и Форментера.

Пожарникарите на Ибица реагирале на повеќе од 20 повици само утрово, додека медиумите известуваат за луѓе заглавени во автомобили и домови. Неколку клучни патишта се затворени, вклучувајќи го пристапниот пат до аеродромот и кружниот пат околу градот Ибица. Според AEMET, во близина на аеродромот наврнале 74 милиметри дожд за само неколку часа, додека паднати дрвја и прекини во електричната мрежа ја влошиле ситуацијата.

Балеарскиот остров Мајорка исто така е погоден од поплави, особено северниот дел на планинскиот венец Трамунтана, додека регионот Валенсија се соочува со град, обилни дождови и силен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот