Фото: Твитер/принтскрин

ВИДЕО| Украинците уништија руски воени авиони на Крим

Воено-разузнавачката служба на Украина (УРС) изврши успешен напад со беспилотни летала во окупираниот Крим, уништувајќи два руски транспортни авиони Ан-26 и две радарски станици, објави агенцијата на 25 септември. Овој напад е дел од континуираните напори на Украина за елиминирање на клучните руски воени средства на полуостровот, пишува Киев Индепендент.

„Колку убаво горат“

Според извештајот, специјалните сили на агенцијата го запалиле авионот и го уништиле рускиот систем за површинско набљудување и крајбрежната радарска станица МР-10М1 Мис М1. Антонов Ан-26, двомоторен турбопропелер авион од советската ера, често се користи за транспорт до 40 војници или 5,5 тони товар на кратки и средни растојанија. Уништените радарски станици се клучен дел од крајбрежниот одбранбен систем, одговорни за рано предупредување и следење на цели на море.

ХУР објави и видео од нападот на социјалните мрежи со пораката: „Колку убаво горат транспортните авиони Ан-26 од Московскиот регион – погледнете го видеото!“

Крим / фото: „Икс“

Зголемени напади на полуостровот Крим

Окупираниот Крим останува клучна цел на украинските напади. Во последните недели се забележани интензивирани операции насочени кон аеродроми, радарски станици и друга воена инфраструктура.

Да потсетиме дека пред четири дена ХУР објави уништување на три руски хеликоптери Ми-8 и една радарска станица, а само еден ден подоцна украинските сили нападнаа и два амфибиски авиони Бе-12 Чајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот