
ВИДЕО | Убавата Наташа повторно ќе глуми во новата „Жикина династија“: Погледнете како изгледа Гала Виденовиќ денес!
Актерката Гала Виденовиќ важеше за најубава актерка во поранешна Југославија. Таа беше на врвот на кариерата, а се прослави со улогите во филмовите „Жикина династија“ и „Бал на вода“. По нејзиниот вртоглав успех, Гала замина во Холивуд каде што се посвети на мајчинството.
Препорачано
Српската актерка Гала Виденовиќ многумина ја паметат по улогата на Наташа во филмскиот серијал „Жикина династија“, а обожавателите беа воодушевени кога ја видоа со актерската екипа која ќе се појави во продолжението на овој популарен серијал. Инаку, Наташа беше големата љубов на Миша (Никола Којо) во култниот серијал.
View this post on Instagram
Иако Гала постигна голем успех во поранешна Југославија, таа се пресели во Америка, а по „Жикина династија“ не се појавувала во српските филмови и серии.
Меѓутоа, на официјалната страница на Инстаграм на „Враќање на Жикина династија“ (Povratak Žikine dinastije) се појави видео во кое актерите зборуваат за омилените ликови од серијата, а меѓу нив е и Гала Виденовиќ.
View this post on Instagram

Кога обожавателите ја виделе Гала со остатокот од екипата, биле воодушевени. Гала се сметаше за една од најубавите актерки во поранешна Југославија, а пофалните коментари се нижат покрај објавата.
Интересно, и Гала и Владимир рекле дека Хидра им е омилен лик.
Гала Виденовиќ, сега Алексиќ, и денес е неверојатно убава, витка русокоса која плени со својот изглед, исто како што беше во 1984 година кога се појави во едно од продолженијата на култниот филм: „Што се случува кога се раѓа љубовта“.
View this post on Instagram
Започна снимањето на продолжението на „Жикина династија“: Откриени главните улоги