По двојното убиство трансродовата жена е уапсена/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Трансродова Американка ги уби своите родители: Пак би го сторила исто, рече во полиција

За убиството на нејзините родители, кои ладнокрвно ги застрелала, во САД е уапсена 28-годишната трансродова жена Миа Бејли, која на полицајците кои и ставиле лисици по бркотница им рекла: „Ќе го направам тоа пак, ги мразам“.

Според соседите на семејството, често имало кавги и тепачки меѓу 28-годишната трансродова жена и нејзините родители откако решила да го промени полот.

Двојното убиство се случило во Јута при што Бејли признала дека отишла во куќата на нејзините родители решена да ги убие.

Миа Бејли/Фото: Washington City Police Department

28-годишната девојка пукала и во нејзиниот брат, кој бил зад заклучена врата и на крајот успеал да побегне известувајќи ги властите за бруталното злосторство.

Полицајците кои пристигнале во домот на семејството Бејли ги пронашле 70-годишниот Џозеф и 69-годишната Гејл мртви во дневната соба, со неколку празни чаури до нив.

По злосторството Бејли побегнала со жолт автомобил и кога наишла на полицајците извадила пиштол, им се заканувала и продолжила со бегството.

На крајот специјалните полициски сили ѝ влегле во трага на околу седум милји од нејзиниот дом и ја принудиле да се предаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот