Најдолгата торта во светот - Фото: Julie SEBADELHA / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Торта долга 121 метар влезе во Гинисовата книга на рекорди

Околу 350 килограми јагоди, 150 килограми шеќер, 415 килограми крем за пециво, 4.000 јајца ѝ беа потребни на слаткарница во близина на Париз, за да заработи место во Гинисовата книга на рекорди за најголемата торта Фрејзер (Frazier) во светот, која беше потврдено дека е долга 121,88 метри.

Ова е најдолгата торта некогаш направена во светот, рекорд кој го држеше Италија од 2019 година со торта долга 100,48 метри.

Мароканскиот слаткар Јусеф Ел Гату собра тим од 20 готвачи за да го направи ремек-делото тешко 1,2 тони за кое требаше една недела да се заврши и беше поставено на маси во лизгалиштето во градот Аргентеј, предградие на Париз, за ​​сите жители да можат да го видат. Ел Гату, кој живее во Франција, беше поддржан од марокански професионалци и познати француски готвачи.

Подвигот бил потврден на лице место од официјалните судии за Гинисовата книга на рекорди. За да се постигне рекордот, тортата требало да биде широка најмалку осум сантиметри и висока осум сантиметри.

По официјалното соопштение, делови од тортата биле споделени со јавноста – вклучително и членови на локалната мароканска заедница – и биле дистрибуирани до пензионерските домови, градската болница, противпожарната служба и Црвениот крст.

На жителите на Аргентеј, кои во средата отишле да го видат соборениот рекорд полн со калории, им било дадено парче од тортата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот