ВИДЕО | Том Холанд три и пол години е трезен: „Како да имам нов идентитет“

Актерот Том Холанд одбележа уште една важна пресвртница во својот живот – тој е трезен речиси три и пол години. Ѕвездата на „Спајдермен“, отворено зборуваше за своето достигнување и чувството за преродба во неодамнешното интервју за „Есквајр“ (Esquire).

„Се чувствувам неверојатно“, изјави тој за медиумите, додавајќи: „Како да имам сосема нов идентитет“.

Патот до трезвеност не беше лесен

Холанд претходно призна дека имал проблеми со контрола на користење алкохол.

„Мојот проблем беше што ќе испив една пијачка и ќе бев добро, а потоа едноставно ќе одев предалеку“, изјави тој за Men’s Health оваа година.

Неговото патување кон животот без алкохол, започнало во јануари 2022 година, кога решил да оди на „Сув јануари“. Планот бил да апстинира само еден месец, но сфатил дека алкохолот станал дел од неговиот живот.

„Секој петок по работа беше потрошен ден: Ајде да се опиеме и да се забавуваме. Немав лошо искуство, но пиев доволно за да го уништам следниот ден“, се присетил тој.

Неговиот момент на просветлување дошол кога го замолил својот помлад брат да го одвезе дома затоа што му требало пијалак за да се забавува. „Навистина е корисно кога луѓето најблиски до вас почнуваат да велат: „Дали си сигурен?““, рекол тој.

Успех со безалкохолно пиво

Покрај неговата актерска кариера, Холанд се посветил и на претприемништвото. Неговата компанија за безалкохолно пиво, одлично работи.

„Многу сум горд на тоа. Секој ден правиме големи чекори во вистинската насока и растеме секој ден, размислувајќи за нови начини за иновации и смислувајќи нови идеи за производи“, рече тој.

Поддршката била клучна

Актерот призна дека имал предизвици на работа, особено за време на снимањето на „Преполната соба“ во мај 2022 година. „Имаше многу непријателство на тој сет. Не беше многу хармонично место и имаше многу борби и конфронтации“, рече тој, додавајќи: „Помислив, ако сега повторно почнам да пијам, со сè што се случува, ќе биде уште полошо, нели?“

Холанд не отиде на рехабилитација, но најде поддршка од семејството, пријателите и колегите, како и од луѓе кои му се обратија, а кои не ги знаеше и кои исто така беа трезни. Во поткастот „On Purpose“ со Џеј Шети во јули 2023 година, тој ја нарече својата одлука да престане да пие „најдобрата работа што некогаш ја направил“.

„Спиев подобро. Подобро се справував со проблемите. Работи што би тргнале наопаку на снимањето, а кои нормално би ме изместиле од рамнотежа, можев да ги поднесам. Имав многу поголема ментална бистрина. Се чувствував поздраво, се чувствував поподготвено“, заклучи Холанд.

Актерот неодамна се отвори и за своите борби со АДХД и дислексија, кои беа проблем во неговата кариера.

„Имам АДХД и дислексија, и понекогаш кога некој ми дава празно платно, тоа е малку страшно“, рече тој, додавајќи: „А понекогаш се соочувате со тие предизвици кога развивате лик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот