Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Тешка несреќа во скопско – автомобил падна во Вардар, по четворица луѓе се трага
Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот меѓу скопските села Рашче и Сарај, кога автомобил паднал во реката Вардар, јавува „Алсат“.
Препорачано
Телевизијата, повикувајќи се на полициски извори, објави дека во автомобилот се наоѓале петмина членови на семејството Арслани од селото Грчец. Станува збор за брачна двојка која патувала со едниот син и снаата од другиот син. Петтиот патник, според овие информации, било четиригодишно дете кое излетало од автомобилот пред тој да падне во реката. Детето го пронашле минувачи, кои повикале брза помош и тоа било однесено во болница. Засега нема информации за неговата здравствена состојба.
На местото на несреќата се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по четворицата луѓе, од кои во моментов нема трага, објави „Алсат“.
Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за селото Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. На местото на настанот веднаш се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
„Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар“, велат од полицијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
19мин
-
24мин
-
30мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5