Фото: Screenshot

ВИДЕО | Teнзија во Фенербахче: Ќе се степаа Тадиќ и Талиска

Екипата на Фенербахче во вчерашниот натпревар успеа да го совлада Башакшехир на гости со убедливи 4-1, но наместо убедливата победа да биде главна тема вниманието на медиумите го привлече сцената во која двајца фудбалери на турскиот гигант ќе се степаа меѓусебе.

Иако „жолто-сините“ и понатаму теоретски се во трка за шампионската титула во Турција, нивните игри и однесување на теренот во последните кола повеќе наликуваат на улична маалска екипа отколку на сериозен претендент за врвот.

Клучниот момент од натпреварот се случи во самиот финиш на првото полувреме, кога дојде до жестока расправија помеѓу двајцата соиграчи, Душан Тадиќ и Андерсон Талиска. Бразилецот бурно реагираше откако Тадиќ не му ја додаде топката во една ситуација, а расправијата брзо прерасна во сериозен конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот