Зеленски, Трамп и Венс на прес-конференција во Белата куќа / 28 февруари 2025 г. / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

ВИДЕО: Тензично меѓу Трамп, Венс и Зеленски: „Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржаа тензичен состанок во Овалната Соба во Белата куќа, по состанокот и потпишувањето на договорот за украинските минерални суровини во замена за американската поддршка. Во непријатна атмосфера, Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвинија украинскиот претседател дека „се коцка со Третата светска војна“ и дека не покажува благодарност кон САД, пренесе „Би-би-си“.

– Она што го правите е непочитување кон земјата, оваа земја (САД) што ве поддржува многу повеќе отколку што многу луѓе велеа дека треба – рече Трамп.

Претходно Зеленски му порача на Трамп дека не смее да има компромис со рускиот претседател Владимир Путин во преговорите за мир во Украина.

Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвинија Зеленски за непочитување.

– Дали еднаш кажавте благодарам за време на состанокот? – му рече Венс на Зеленски.

Зеленски потоа го прашa Џеј Ди Венс дали бил во Украина „за да ги види нашите проблеми“. Венс му одговори дека прочитал за тоа.

Украинскиот лидер на ова одмавна со главата гледајќи настрана и велејќи дека и САД на крајот ќе ги почувствуваат последиците од војната во Украина.

Трамп се вмеша и му одговори на Зеленски:

– Не ни кажувајте што ќе чувствуваме. Вие не сте во позиција да диктирате што ќе чувствуваме. Ќе се чувствуваме многу добро и многу силно – Трамп се вмеша во препирката.

Трамп му рече на Зеленски дека „ако не се усогласев со двете земји (Русија и Украина), никогаш немаше да имаш договор“.

– Јас не сум усогласен со Путин, не сум усогласен со никого. Јас сум усогласен со Соединетите Американски Држави – изјави Трамп додавајќи дека Зеленски има огромна омраза кон Путин.

Трамп рече дека и другата страна не е „баш вљубена“ во него.

– Ако сакате да бидам строг, можам да бидам построг од кое било човечко суштество што некогаш сте го виделе… но, така никогаш нема да постигнете договор – му рече американскиот претседател на Зеленски.

Американскиот претседател изјави дека го цени договорот за минералите „затоа што ни требаше она што тие (Украинците) го имаа“.

Трамп им рече на новинарите дека НАТО и Европа мора да „стиснат на гасот“. Коментирајќи го договорот за минерали предложен од САД, тој вели дека „ тие зборуваат само за безбедноста. Реков ајде прво да се договориме“. Тој исто така додава дека и американскиот даночен обврзник мора да биде заштитен.

Новинарката на „Би-би-си“ го праша Трамп дали ќе испрати повеќе оружје во Украина во случај да нема мир.

– Не чекаме да испратиме многу оружје, ние со нетрпение очекуваме да заврши војната. Одговорот е да. Но, се надевам дека нема да мораме да испраќаме многу бидејќи со нетрпение очекувам брзо да го завршам тоа, одговори тој.

По тензијата меѓу украинскиот претседател и првите луѓе на американската администрација, Зеленски револтиран веднаш ја напуштил Белата куќа, а најавената прес-конференција со двајцата лидери е откажана, пишува „Би-би-си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот