
ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Најнаградувана пејачка на видео музичките награди на Ем-ти-ви
Доминацијата на Тејлор Свифт продолжи и на доделувањето на видео музичките награди на Ем-ти-ви, каде што зеде седум награди – вклучувајќи ја и најголемата нагарада вечерта, трофејот за видео на годината.
Препорачано
Во својот говор, Свифт му се заблагодари на својот дечко Тревис, кој бил дел од снимањето на спотот „Fortnight“ и ја бодрел целото време. Обожавателите го наградија спомнувањето на ѕвездата на НФЛ Тревис Келче со гласни овации.
Наградите на Свифт ја доведоа до вкупно 30 во кариерата, со што ја надмина Бијонсе и ја доби титулата најнаградувана музичарка во историјата на ВМА (VMA).
Прифаќајќи ја првата од седумте нагаради, за најдобра соработка со Пост Мелоун за нивниот дует „Fortnight“, 34-годишната пејачка ја отвори вечерта со постетување на годишнината од 11 септември.
„Се разбудив утрово во Њујорк на 11 септември и само размислував за тоа што се случи пред 23 години“, рече таа. „Секој што изгуби близок и сите што ги загубивме е најважно денес. И сè што се случува вечерва заостанува зад тоа“.
Поп-ѕвездата ја освои и најважната награда на вечерта, видео на годината, за нејзината песна „Fortnight“, во која учествуваше Пост Мелоун. Наградата ја зеде заедно со Пост Мелоун покрај неа.
Таа зборуваше за прекрасното искуство на снимање, режирање и монтажа на видеото. Свифт ги спомна сите актери и соработници кои помогнале да се направи „Fortnight“ пред да раскаже една слатка приказна за нејзиниот дечкоТревис Келче.
„Нешто што секогаш ќе го паметам е дека кога ќе завршевме со снимањето на некоја сцена и ќе речеа „сечи“, само слушав навивање и бодрење од позадината, нешто како „Уу!“ од другата страна на студиото каде што го снимавме. Таа личност беше моето момче Тревис“, раскажа пејачката.
„Сè што ќе допре овој човек се претвора во среќа, забава и магија, па затоа сакам да му се заблагодарам што го додаде тоа на нашето снимање“, додаде таа.
Свифт потоа им се заблагодари на фановите Свифти за сета поддршка што ѝ ја покажаа за „The Tortured Poets Department” и „The Eras Tour.”
Својот говор го заврши со посочување дека тоа е награда за која гласаат фановите и го охрабри секој возрасен да се пријави за гласање.
@varietymagazine Taylor Swift thanks her boyfriend, Travis Kelce, during her #VMAs acceptance speech and encourages viewers to vote.