Таско екслузивен гостин на вечерта кај Сергеј/Фото: Скриншот

ВИДЕО: Таско на гости кај Сергеј првпат јавно открива што се случи меѓу него и 2 Бона

Сергеј нема да биде Сергеј доколку не направи нешто да се одвои од другите. Тој не сакаше да коментира за долгите модерни нокти без да ги испроба на себе па затоа во емисијата се појави со необични долги нокти кои ги носеше во текот на целата емисија.

Тој рубриката „Индустрија за убавина“ ја посвети на овој тренд – долги и интересни стилето нокти, кој на светската сцена се уште гордо ги носи Карди Би.

Сергеј ноктите ги носеше 24 часа и успеа да функционира со нив/Фото: Скриншот

Во необично подолгото издание на Sergej Reinvented, домаќинот на гости го повика популарниот млад хип-хопер Таско.

Тие разговараа за многу теми, од музиката, до модата и спортот, а ги коментираа и сегашните и поранешните стајлинзи на Таско. Хип – хоп ѕвездата ексклузивно за македонската публика откри зошто прекинала соработката со 2 Бона и тоа во моментот кога нивната соработката ветуваше многу на македонската хип-хоп сцена.

Отворен муабет за стереотипите/ Фото: Скриншот

Таско и Сергеј заедно коментираа неколку модни катастрофи кои се појавуваат на социјалните мрежи, по што Таско стана и си замина од емисија. Двајцата одговараа и на незгодни прашања.

Модни катастрофи од социјалните мрежи/Фото: Скриншот

Изненадувањето, нормално е на крајот кога Сергеј, Таско и Никола го запеаја големиот македонски хит.

Ова урнебесно шоу погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот