Арбен Таравари- градоначалник на Гостивар / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

ВИДЕО | Таравари: Многу училишта ги направиме енергетски ефикасни

Покрај помош на централно ниво, и општините треба да играат значајна улога во промоција на енергетската ефикасност преку развивање и спроведување стратегии што овозможуваат заштеда на струја во административни згради, училишта, градинки, улично осветлување и преку поттикнување на подобрувања на енергетската ефикасност во објектите за живеење или во деловните објекти.

Слободен печат“ во насока на подигување на светста за енергетска ефикасност, направи повеќе разговори со експерти, институции, градоначалници. На гости бевме кај градоначалникот на Гостивар Арбен Тарвари. Тој се согласува дека во општината има многу, како што вели „црвени објекти“ (без фасади) и вели дека народот сè уште не сфаќа дека инвестицијата во фасада, во нови прозорци, за неколку години ќе се исплати. Таравари рече и дека Општината спроведува повеќе проекти со кои се прават заштеди во јавните институции, но и преку кои се обидуваат да ја променат свеста на граѓаните.

– Во Гостивар има многу „црвени објекти“, посебно куќи. Ние како општинска власт се обидовме да инвестираме во повеќе објекти што ги контролираме, особено во училишта и градинки, сè со цел да се заштеди. По 24 февруари минатата година имаме особен скок на цената на струјата, но веќе 6 години работиме на енергетската ефикасност. Конкуриравме и во Светска банка за општинската зграда и се надевам дека многу скоро ќе почнеме со инвестицијата. Има многу училишта каде што интервениравме, еве на пример во ОУ „Гоце Делчев“ каде што има повеќе од 1.000 ученици имаме нов покрив и нова фасада, во училиштето „Исмаил Ќемали“ исто со повеќе од 1.000 ученици има сменети прозорци и дел од фасадата. Потоа во гимназијата „Панче Поповски“ каде што има 700-800 ученици, исто така има нови прозорци и врати… – вели Таравари.

Тој рече дека е изготвена физибилити-студија и дека очекува набрзо да се имплементира, со што на сите училишта и на општинските објекти би биле ставени соларни панели.
Сите овие проекти бараат доста пари, а една од можностите е наменска општинска обврзница за која и Општина Гостивар размислува. Таравари вели дека размислувале и за субвенционирање на граѓаните за да може да стават фасади, или нови прозорци, но дека досега не биле во можност.
–Не бевме во можност, ние бевме опозициска општина речиси 5 години и само во последните 7-8 месеци сме дел од Владата, но неколку години Општината даваше субвенции за инвентори за домаќинствата и тоа беше добро прифатено од граѓаните – вели Таравари.

Целиот разговор со градоначалникот Таравари погледајте го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот