ФОТО: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | „Таа е конечно тука“: Се породи една од најубавите жени на светот, Меган Фокс го доби своето прво дете со Машин Ган Кели

Една од најубавите актерки на светот Меган Фокс се породи, а радосната вест со своите фанови ја сподели таткото на бебето, музичарот Машин Ган Кели.

Тој објави видео на својот Инстаграм профил, а на многумина сè уште не им е јасно дали поранешните партнери се смириле, откако пред неколку месеци  ја раскинаа веридбата.

– Таа е конечно тука – напиша музичарот под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)

Раѓањето на бебето дојде неколку часа откако Кели се најде на насловните страници поради пораките кои му ги испраќал на поранешниот сопруг на актерката, Брајан Остин Грин.

„Престани да прашуваш кога ќе се роди нашето дете“, гласи една од пораките на Кели.

За потсетување, Меган Фокс и Машин Ган Кели се запознале филмски сет, по кој набрзо почнале да се забавуваат.

Две години подоцна се верија, а потоа во ноември 2024 година, додека беа на одмор во Колорадо, ја раскинаа врската. Фокс наводно  нашла пораки во телефонот на музичарот  поради што  предвреме си заминала од одморот и ја раскина веридбата.

Актерката отсекогаш имала проблеми да му верува на Кели поради неговото однесување во минатото, но сепак беше подготвена да го остави тоа настрана за доброто на нивното семејство. Само две недели пред раскинувањето објавија дека чекаат дете.

Меган Фокс веќе има три деца со поранешниот сопруг, актерот Брајан Остин Грин – Ноа (12), Боди (10) и Џорни (8).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот