Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Студенти од Сенегал го избркаа израелскиот амбасадор од универзитет

Студенти вчера го избркаа амбасадорот на Израел во Сенегал од универзитетскиот кампус во главниот град на африканската земја, Дакар.

Израелскиот амбасадор, Јувал Вакс, се соочи со протест организиран од група студенти кои скандирале пропалестински слогани, јави агенцијата „Анадолија

На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот, на кои се гледа како амбасадорот е изнесен од зградата од обезбедувањето и го напушта кампусот без да се обрати, како што беше предвидено. Студентите-демонстранти продолжија да го следат и да мавтаат со палестински знамиња.

Вакс беше поканет да одржи предавање на конференција за практиката на меѓународни односи на Универзитетот Чеик Анта Диоп (UCAD), најважната и најистакната високообразовна институција во Сенегал. По неговото пристигнување, десетици студенти се собраа пред аудиториумот, скандирајќи „Слободна Палестина“, „Слободна Газа“ и „Израел е воен злосторник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот