Глисер полета во воздух на трка во езеро во Невада/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Страотна несреќа на езеро во Невада: Глисер „полета“ со брзина од 320 км/час

Застрашувачка несреќа која за чудо не предизвикала никакви повреди се случила за време на трка со глисери на езеро во Невада, САД, кога еден од чамците буквално одлетал во воздух додека достигнувал брзина од 320 км/ч.

Несреќата се случила кога операторите на глисери, кои ги избрале прекарите Џон Вејн и Клинт Иствуд, се обиделе да го соборат рекордот од 331 км/ч на трката „Пустинска бура“.

Како што се гледа на видеото, нивниот чамец „скејтер 388“ е лансиран во воздух, направил неколку ротации и конечно „нурнал“ со клунот во водата.

Второ видео од внатрешноста на бродот покажува како неговите оператори ја доживеале несреќата.

На ова езеро на вакви трки се случиле 11 фатални несреќи, а најсмртоносната е во 2018 година кога три лица ги загубија животите на бродот „Ликети Сплит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот