Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина
Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина / Утрински брифинг

ВИДЕО | Стојковски: Државниот инспекторат за животна средина им објави војна на сите загадувачи

Државниот инспекторат за животна средина им станува 24 часовен партнер на граѓаните во борбата против загадувањето, а во насока на заштита на животната средина.

Донесена е одлука сите државни инспектори по завршување на работното време да бидат во пасивно дежурство за реализација на вонредни инспекциски надзори и во останатиот дел од денот но и ноќта доколку се јави потреба.

Во таа насока отворена е и нова телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат загадувања на животната средина.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

-Од моето доаѓање во август на функцијата, веќе им е објавена војна на сите загадувачи што може да се види од транспарентноста што ја покажуваме на терен и на нашата ФБ страна. За сите прекрошци се направени казни и пријави пред судовите. Во последните пет месеци се поднесени вакви казни од над 380.000 евра, вели Стојковски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот