Зеленски и Вселенскиот патријарх Вартоломеј/Фото: Претседател на Украина

ВИДЕО | Средба Вартоломеј-Зеленски: Разговарале за мирот и иднината на украинската црква

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј при што на средбата разговарале за мирот, верската слобода и иднината на украинската црква.

Зеленски го информираше патријархот за заштитата на верската слобода, соработката со американските партнери и го покани патријархот да ја посети Украина, пишува на официјалната страница на украинскиот претседател.

Во објава на својот личен профил на Икс, украинскиот претседател наведува:

„Со Вселенскиот патријарх Вартоломеј разговарав за начините за постигнување вистински мир и понатамошен развој на црквата во Украина.  Го информирав за заштитата на верските слободи во Украина, споделив детали за нашата соработка со американскиот тим и го поканив Неговата Светост да ја посети Украина. Му благодарам на Вселенскиот патријарх за неговата поддршка, солидарност, одбрана на интересите на Украина, неговите постојани молитви за сите Украинци и неговата осуда на постапките на Руската православна црква, која го благослови убиството на Украинците“, нагласува Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот