Фото: Screenshot

ВИДЕО | Срамно однесување на Суарез: Плукна противник во поразот на Интер Мајами

Интер Мајами доживеа тежок пораз од 3-0 во финалето на Лига-купот против Сиетл, но резултатот на теренот падна во втор план поради нов инцидент во кој се најде Луис Суарез. Уругвајскиот напаѓач повторно го покажа своето темпераментно однесување, откако по завршувањето на натпреварот влезе во жесток вербален конфликт со стручниот штаб на противничкиот тим.

Ситуацијата кулминираше кога Суарез, видно изнервиран, го плукна помошниот тренер на Сиетл, Џин Рамирез, директно в лице. Рамирез остана прибран и не возврати на провокацијата, но инцидентот не остана незабележан од камерите и јавноста.

Очекувано, ова однесување предизвика бурни реакции. За фудбалер со реноме и искуство како Суарез, ваквите постапки се целосно недозволиви. Лигата најави дека ќе отвори дисциплинска постапка, а не се исклучува можноста за сериозна суспензија.

Суарез и во минатото беше дел од низа контроверзии, од гризањето на противници, до навреди и провокации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот