
ВИДЕО | Спектакл во Штутгарт: Шпанија во натпревар со девет гола ја победи Франција
Шпанија избори пласман во финалето на Лигата на нации и в недела ќе се сретне со Португалија, откако во вистинска голеада ја совлада Франција со 5-4 во полуфиналниот дуел одигран вечерва во Штутгарт.
Препорачано
Натпреварот беше вистински спектакл со дури 40 удари кон гол, девет погодоци и неизвесност до последната секунда. Шпанците ќе ја бранат титулата од минатото издание, но до финалето не стигнаа лесно, иако така изгледаше по првите 55 минути игра.
Фуријата стигна до убедливо водство од 4-0, прво Нико Вилијамс и Мерино во 22. и 26. минута донесоа предност од два гола, а потоа Јамал и Педри за само една минута (54. и 55.) ја зголемија предноста. Франција беше во нокаут, но не се предаде.
Мбапе намали од пенал, но веднаш потоа повторно се разигра Јамал и со вториот гол зголеми на 5-1. Во тие моменти се чинеше дека сè е решено, но селекторот Дидие Дешамп со внесувањето на Рајан Шерки го врати пулсот на својот тим. Младиот офанзивец постигна гол во 79. минута, учествуваше во акцијата по која Вивијан си даде автогол, а во 94. минута го проигра Коло Муани за 4-5.
Сепак, немаа време за уште еден гол кој ќе значеше продолженија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
20мин
-
52мин
-
54мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5