Фото: Screenshot

ВИДЕО | Спектакл на ,,Вембли”: Усик и Дубоа повторно ќе ги вкрстат ракавиците

Олександр Усик и Даниел Дубоа повторно ќе ги вкрстат ракавиците на 19 јули на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон, во борба за обединување на сите шампионски титули во тешка категорија.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, ова ќе биде втор судир меѓу 38-годишниот Украинец и 27-годишниот Британец, кој ќе се обиде да му се реваншира за поразот од 2023 година.

Во пресрет на мечот, Дубоа го има шампионскиот појас на ИБФ, додека Усик ги држи трофеите на ВБА, ВБО и ВБЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот