Фото: Screenshot

ВИДЕО | Собирач на топки падна во мечот на Ѓоковиќ

Eдно од децата кои собираа топки на мечот на Ѓоковиќ во Женева протва Јаник Ханфман се соочи со незгода во која падна.

Момчето скокна и падна зад грбот на Ѓоковиќ во моментите додека српскиот тенисер се подготвуваше да сервира. Најдобриот светски тенисер ја забележа таа ситуација се сврте и го праша детето дали е се во ред.

Откако доби позитивен повратен одговор, Ѓоковиќ го продолжи мечот.

Нешто подоцна мечот беше прекинат поради силен дожд. Се играше деветтиот гем од првиот сет. Новак водеше со 5:3 (40:40) и сервираше за освојување на сетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот